Директор на училиштето
Ружица Икономова, ВД директор
Директорот на училиштето ги врши следниве работи
- го застапува и претставува училиштето и е одговорен за законито работење ,
- ја организира, планира и ја води работата на основното училиште ,
- подготвува програма за развој на училиштето,
- подготвува предлог на годишна програма за работа ,
- е одговорен за реализација на годишната програма за работа ,
- е одговорен за остварување на правата и обврските на учениците,
- врши избор на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг административно - технички кадар согалсно со законот и актите на училиштето,
- врши распоредување на наставници, стручни соработници, воспитувачи и друг административно-технички кадар,
- одлучува за престанок на работен однос на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар согласно со закон и колективен договор,
- формира и раководи со училишната комисија за екстерно проверување на постигнувањето на учениците,
- врши контрола врз начинот на водење на професионалните досиеја од членот 91 став (3) на овој закон,
- поттикнува стручно оспособување и усовршување на наставниците, стручните соработници и воспитувачи,
-организира менторство за наставниците-приправници, стручните соработници- приправници, воспитувачи- приправници, присуствува на часови на наставата согласно со планот за посета на часови од годишната програма за работа на училиштето, за што составува препораки и забелешки од остварената посета кои се приложуваат кон професионалоното досие на наставникот и ја следи работата на наставниците, стручните соработници и воспитувачи и ги советува,
-ја следи работата на училишниот психолог, педагог и другите стручни соработници,
- се грижи за соработка со родителите
-ги известува родителите за работата на училиштето и за измени на правата и должностите на учениците,
-одлучува за воспитни мерки,
- ја поттикнува и следи работата на заедницата на учениците,
-обезбедува извршување на одлуките на училишниот одбор,
-ја донесува систематизацијата на работните места на училиштето,
-одлучува за склучување договори за работните односи,
-покренува постапка за дисциплинската одговорност на наставниците, стручните соработници и воспитувачи,
-се грижи за соработката на училиштето со здравствената установа во општината и,
- врши други работи согласно со закон и статутот на училиштето.